Моника Белучи присуствуваше на 60. издание на Филмскиот фестивал во Лондон за да го промовира својот нов филм „On The Milky Road“, во кој глуми покрај српскиот актер и режисер Емир Кустурица.
На свеченоста, 52-годишната Италијанка се појави со темен стајлинг кој вклучуваше припиено долго здолниште со чипка и проѕирна кошула.
Дејството во „On The Milky Road“ се одвива за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. Погледнете сцена од филмот во која Белучи зборува на српски јазик со Кустурица: