Запознајте ја Џесика Стејн – една од највлијателните блогерки во Австралија, која ќе ви ја разбуди фантазијата, но и ќе ве однесе на бескрајно патување низ светот.
24-годишната долгонога девојка од Сиднеј на својот блог Tuula Vintage, покрај стилските совети и впечатливите модни комбинации, ни дава можност да ѕирнеме и во нејзиниот авантуристички живот.
Стилот на популарната блогерка, за која секоја улица е модна писта, е микс од модерни и класични парчиња, но и од запаметливи модни додатоци.
Неуморната Австралијка црпи инспирација од секојдневниот живот и од уличниот стил. „Повеќе инспирација пронаоѓам во уличниот стил додека патувам, отколку во една одредена личност. Од едноставните, но шик девојки кои ги возат своите мотоцикли низ улиците на Копенхаген, лелеавите фустани на романтичната Ривиера, урбаните аутфити во Сохо, Њујорк, па сè до жената која продава традиционална навезена облека на мексиканските пазари“ – вели таа.
Ѕирнете во забавниот живот на Стејн, која има над 1,5 милиони следбеници на Instagram.