Ели Сааб безгрешно ги остварува женските соништа за елеганција и префинетост. Со колекцијата модни додатоци pre-fall 2013, либанскиот дизајнер повторно ги украде женските срца.
Нудејќи чанти, обувки и накит и за моќните бизнис жени и за гламурозните дами, Сааб не остави можност за евентуални пропусти. Посекојдневните чанти од колекцијата се со чисти и модерни линии, додека повеќето вечерни чантички се со ретро форма и богата текстура за луксузен ефект.
Обувките во класична црна боја или во бои на скапоцени камења следат елегантна дамска силуета, при што е избегната каква и да било платформа. Накитот е впечатлив, масивен и во златна боја.