Блер Иди е една од најпопуларните модни блогерки во светот. Нејзиниот блог Atlantic Pacific е неисцрпен извор на инспирација за дамите кои негуваат женствен стил изграден врз модерна романтика.
„Клонам кон колоритни нешта. Обожавам принтови, но мислам дека единствениот збор кој навистина би го искористила за точно да го дефинирам мојот стил е женствен“ – вели таа.
„Отсекогаш сум гравитирала кон риги и панделки и супер женствени силуети... Обожавам да ги кршам правилата“ – додава модерната девојка која моментално живее во Њујорк.
Прошетајте со поглед низ највпечатливите зимски комбинации на Блер.