Канскиот филмски фестивал започна во полн сјај. На француската ривиера синоќа се одржа отворањето на 70-тото издание на еден од најстарите филмски фестивали во светот, каде армија од ѕвезди „блескаа“ додека чекореа на црвениот тепих.
На првиот ден од манифестацијата, се одржа премиерата на филмот „Ismael’s Ghosts“ на режисерот Арно Деплешен.
Вкупно 19 филмски остварувања ќе се борат за освојувањето на наградата „Златна палма“.





Дамите однесоа гламур на црвениот тепих. 47-годишната Ума Турман изгледаше елегантно во розов фустан од високата мода на Версаче, Сара Сампајо му го довери својот изглед на Зухаир Мурад, а Ели Сааб облече четири дами, меѓу кои Фан Бингбинг, Алис Таглиони и Клотилд Куру.



