Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Модата на отворањето на престижниот Кански филмски фестивал

ФОТО: Модата на отворањето на престижниот Кански филмски фестивал

Филмските ѕвезди привремено се селат во францускиот град Кан. Синоќа официјално започна престижниот Кански филмски фестивал кој ќе трае до 25 мај, а со тоа беше означен стартот на трката за наградата „Златна палма“.

На отворањето на фестивалот беше прикажан филмот „Grace of Monaco“ за принцезата Грејс Кели, кој наиде на неодобрување од кралското семејство од Монако и на негативни критики од филмските критичари.

Главната ѕвезда во филмот, Никол Кидман, ги привлече објективите на фото-репортерите. 46-годишната актерка на црвениот тепих зачекори во син фустан со впечатливи сребрени декорации од високата мода на Армани.

Никол Кидман Никол Кидман

Блејк Лајвли со воздржан сексапил заведуваше во бордо креација со висок шлиц од италијанската модна куќа Гучи.

Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли

Џанг Цији шармираше со футуристички гламур. На големото отворање таа носеше црно-бела креација од високата мода на Стефан Ролан.

Џанг Цији Џанг Цији

Кендал Џенер избра црно-бел фустан од францускиот бренд Шанел.

Кендал Џенер

Долгоногата манекенка Карли Клос се појави во драматична креација од чипка од Валентино.

Карли Клос Карли Клос

Зое Салдана со префинет изглед мамеше воздишки со бела плисирана креација од Викторија Бекам.

Зое Салдана

Француската актерка Адел Ексаркопулос донесе модернистичка елеганција преку креација од Луј Витон.

Адел Ексаркопулос

Летиција Каста грациозно се движеше во волуменозна бела креација од Диор.

Летиција Каста

Паз Вега изгледаше беспрекорно во светла креација од либанскиот дизајнер Ели Сааб.

Паз Вега

На отворањето шармираа и Германката Надја Ауерман (лево) и Одри Тату (десно).

Надја Ауерман и Одри Тату

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.