„Harper’s Bazaar“ традиционално одржува голема забава за време на Њујоршката недела на модата. Во луксузниот хотел „Plaza“ се собраа модели, дизајнери, уредници, блогерки и останати влијателни личности во модната индустрија.
Адријана Лима зачекори на свеченоста во златен фустан од Вивиен Вествуд, Хајди Клум избра црна креација од австралискиот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски, Зухаир Мурад облече три ѕвезди – Алесандра Амбросио, Нина Агдал и Девон Виндзор.
Погледнете како изгледаа славните гостинки на забавата и оценете го нивниот стил: