Синоќа се одржа Golden Heart Awards, настан организиран од „God's Love We Deliver“, организација задолжена за доставување на оброци на лица кои се премногу болни за да купуваат намирници или да готват.
Бројни ѕвезди од шоу-бизнисот го поддржаа хуманитарниот настан и присуствуваа на свеченоста во Њујорк, каде речиси сите дами блескаа во креации од Мајкл Корс.
Криси Тиген на настанот зачекори во црн фустан со карнери и дебел колан на половината од Корс. 30-годишниот модел својот изглед го комплетираше со накит од Effy.
Кели Рорбах како магнет привлекуваше погледи кон себе во црвено-портокалова припиена креација и блескав накит.
Џоан Смолс ја истакна својата витка фигура во темна комбинација од здолниште со високи шлицови и кратка ролка.
Лили Олдриџ изгледаше како елегантна дама во црно женско костумче со дебел колан.
Нина Агдал избра посветол стајлинг. 24-годишната девојка на Леонардо Дикаприо со широка насмевка позираше во кратко розево фустанче со долги ракави од познатиот бренд.
Кејт Хадсон се појави во цветна креација со V-деколте од колекцијата пролет 2017 на Корс.
И уредничката на „Вог“, Ана Винтур, беше гостинка на настанот и носеше долг фустан. Во 2014 година, на Винтур ѝ беше доделена наградата „Мајкл Корс“.
Констанс Јаблонски привлече внимание со стилскиот избор. 25-годишната Французинка се појави во проѕирна блуза без градник и кафеави панталони.
Меѓу гостите беа и Хилари Рода, Сара Сампајо и Тејлор Хил.