На манифестацијата Critics’ Choice Awards синоќа беа наградени најдобрите во филмската индустрија за изминатата година. Бројни ѕвезди од шоу-бизнисот парадираа на синиот тепих во Лос Анџелес.
„Mad Max: Fury Road“ доминираше на доделувањето на престижните награди и се закити со девет статуетки. Популарниот филм беше прогласен за Најдобра акција, Џорџ Милер ја доби наградата за Најдобар режисер, Том Харди беше избран за Најдобар актер во акција, а Шарлиз Терон стана Најдобра актерка во акција.
Критичарите го изгласаа „Spotlight“ за Најдобар филм.
Статуетката за Најдобар актер заврши во рацете на Леонардо Дикаприо за улогата во филмот „The Revenant“.
На Силвестер Сталоне му беше врачена наградата за Најдобар актер во споредна улога за „Creed“, а „The Danish Girl“ на Алисија Викандер ѝ донесе статуетка за Најдобра актерка во споредна улога.
За свеченоста, славните дами не експериментираа со стилскиот избор. Рејчел МекАдамс мамеше погледи во фустан од легендарниот Ели Сааб, Џенифер Анистон и Роузи Хантингтон-Вајтли се појавија во креации од Сен Лоран, Зухаир Мурад ги облече Кристен Ритер и Мариса Томеј, а Хелен Мирен сосема очекувано го довери својот изглед на Долче и Габана.
Погледнете како изгледаа дамите и оценете го нивниот стил.