Миранда Кер е заштитно лице на Mango за есенската кампања на шпанскиот бренд. 30-годишната манекенка застана пред објективот на фотографското дуо Инез ван Ламсверде и Винуд Матадин за да ја промовира колекцијата за следната сезона.
„Си поминав одлично за време на снимањето на кампањата есен/зима за Mango со Инез и Винуд. Облеката е особено забавна оваа сезона“ – изјавила Кер.
Есенската облека од Mango е повлијаена од панк стилот и црната боја е главен херој во целата модна приказна.