Миранда Кер е ѕвездата од моден едиторијал на „Glamour“ Русија. Синооката 31-годишна манекенка позираше за Сајмон Емет во елегантни креации од Escada.
Уредниците на списанието се категорични дека Кер поседува ангелска надворешност и ѓаволеста заводливост.
Во интервјуто за списанието, Кер зборувала за односите со Орландо Блум, со кого се раздели пред една година. „Тој е прекрасен татко. Секојдневно разговараме по телефон и ги дискутираме нашите обврски за да видиме кој од нас може да поминува повеќе време со нашиот син. Јас сум среќна и Орландо е среќен“ – рекла Кер.