Миранда Кер ја краси корицата на јубилејното издание на „Вог“ Јапонија. По повод 15-годишнината на модното списание, реномираниот фотограф Марио Тестино ја фотографираше синооката Австралијка во типично јапонски стил.
Под диригентската палка на Ана Дело Русо, Кер се трансформираше во гејша, самурај и лик од манга. „Јапонија е многу специјална за мене. Ја обожавам културата и јапонскиот народ. Таа е првата земја која ја посетив поради работа“ – изјавила Миранда за време на забавата за годишнината.
За модниот едиторијал, Кер позираше во креации од актуелните колекции на Emporio Armani, Valentino, Burberry, и Ralph Lauren.
Деновиве 31-годишната манекенка престојува во Париз, каде дефилираше на ревијата на Соња Рикел.
Кер беше и меѓу гостите на премиерата на краткиот филм „Rock Roll Ride“ за Стјуарт Вајцман.