Стилот на Меланија Трамп не останува незабележан, каде и да се појави таа. На денешниот пречек на индискиот премиер Нарендра Моди, првата дама на САД шармираше покрај Доналд во жолт цветен фустан.
Впечатливата креација го носи потписот на Емилио Пучи.
Викендов, семејството Трамп присуствуваше на свадбата на министерот за финансии Стивен Мнучин во Вашингтон. За церемонијата, Меланија и Иванка избраа розови креации со слични силуети.
Фустанот од Џеј Мендел, 46-годишната сопруга на Доналд го надополни со обувки од Маноло Бланик.