Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Медитеранска сензуалност и модерни бабички во новата кампањата на Dolce & Gabbana

ФОТО: Медитеранска сензуалност и модерни бабички во новата кампањата на Dolce & Gabbana

Бјанка Балти, Виторија Черети, Ирина Шарипова и Бланка Падиља се убавиците од новата кампања на Dolce & Gabbana за женската колекција пролет/лето 2015.

За да го доловат медитеранскиот дух, дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана поканија и бабички кои се поврзуваат со сицилијанската култура.

За идната сезона дизајнерското дуо ја спои италијанската сензуалност со шпанската страст, а резултатот е занемувачки богата колекција исполнета со радост, љубов и сексапил.

Dolce & Gabbana Dolce & Gabbana Dolce & Gabbana Dolce & Gabbana

Видео

Шпанското влијание врз Сицилија во периодот од 1516 до 1713 година е темата која ги постави темелите на колекцијата со јакни и болероа кои потсетуваат на матадори, развеани фустани со точкест принт, црвени рози и каранфили кои асоцираат на фламенко танчарки и пончоа и наметки со реси кои напомнуваат на традиционалната шпанска облека.

Кампањата за машката колекција

Dolce & Gabbana Dolce & Gabbana Dolce & Gabbana

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.