Марион Котијар е олицетворение на дамската елеганција на фотографиите од новата кампања на Dior.

37-годишната актерка покажува грациозност во нејзината прва рекламна кампања за Lady Dior по стапувањето на должност на Раф Симонс. На фотографиите направени од Жан-Батист Мондино, Марион позира до атрактивните чанти, облеченa во креации од колекцијата pre-fall на реномираната француска модна куќа.

Идејата зад кампањата е Марион да се појави во светлото на мистериозна и фатална дама.


