Шведскиот моден гигант H&M со најновата рекламна кампања нè носи на егзотична плажа за да нè потсети дека е време да започнеме да сонуваме за летниот одмор.
Легендарниот Патрик Демаршелие ги улови моделите во прекрасни пози додека ги презентираа новите модели костими за капење и облека за на плажа за новата сезона.
Различните модели, прекрасните живи и пастелни бои, како и дезените и малите модерни детали, ја прават колекцијата уште попримамлива.
И не може да се очекува ништо помалку од шведскиот бренд кој со години ги задоволува желбите и потребите на модерните жени што сакаат добро парче облека на пристапна цена.