Катарина Ивановска ја продолжи модната соработка со „Banana Republic“. Познатата Македонка ги претстави пролетните модни предлози на брендот кој има над 600 продавници низ целиот свет.
Облеката од новата колекција е модерна и лежерна, привлекува со едноставноста, а истовремено следи и некои од актуелните трендови како точкест дезен, риги и деним.