Кара Делавин ја продолжи блиската соработка со бразилскиот бренд „Bo.Bô“. 22-годишната Англичанка е ѕвездата во кампањата пролет 2015.
Фотосесијата ја предводела Елен фон Унверт, а Њујорк бил локацијата за новите стилски авантури на Делавин.
Колекцијата е инспирирана од Ориентот, а поконкретно од Кина и Јапонија. Разиграните принтови и веселите бои несомнено ќе ги привлечат погледите на урбаните девојки.