Кара Делавин позираше како од мајка родена за новото издание на „Allure“ посветено на убавината.
Врвниот фотограф Марио Тестино стоеше зад објективот додека 22-годишната убавица позираше гола. Голем катанец Шанел е единствениот моден додаток на една од фотографиите.
„Тестиравме илјадници кармини, маскари и течни пудри – а потоа истуривме неколку од победниците врз главата на Кара Делавин“ – пишуваат уредниците на списанието.
Ова не е првпат харизматичната Англичанка да позира разголена. Таа неодамна се појави гола и на рекламните фотографии за новиот парфем на Том Форд.