Кара Делавин во моментов е еден од најпопуларните модели во светот. Откако си обезбеди место во новите кампањи на Mulberry и Burberry, Кара се најде и во центарот на кампањите есен/зима 2014 на Topshop и Chanel.
Во улога на ново заштитно лице на Topshop, 21-годишната Британка позираше во колекцијата за следната сезона.
„Кара е вистинска Topshop девојка. Нејзиниот стил зрачи со самодоверба и игривост, а таа може да биде софистицирана и шик, колку што умее да биде кул и кежуал. Нејзината невоздржана природна енергија опијанува, таа има слободен дух и е забавна“ – изјавила Кејт Фелан, креативна директорка на Topshop.
Кара заедно со Бинкс Волтон позираше и за новата кампања на Chanel. Фотографиите беа направени од самиот Карл Лагерфелд.