И Жозефина Скривер доби крилја. Згодната манекенка го доби статусот „ангел“ на Victoria’s Secret и стана 16-тата убавица во атрактивната група.
Жозефина ја започна својата кариера во модниот свет на 15-годишна возраст, а пред три години за првпат беше ангажирана од познатиот бренд за долна облека. Минатата година, 22-годишната Данка ја доби честа да дефилира на спектакуларното шоу на VS кое се одржа во Њујорк.
Убавата вест Скривер ја соопшти преку објава на својот профил на Instagram. „Конечно се случи. Буквално го живеам својот сон сега. Не можам да поверувам дека можам да споделам со вас денес дека јас сум Најновиот ангел на Victoria’s Secret“ – напиша Скривер и им се заблагодари на сите кои ја поддржуваат.
„Жозефина Скривер е неверојатна млада девојка и прекрасна личност. Таа е толку посебна и ние сме пресреќни да ѝ посакаме добредојде во најексклузивниот клуб во историјата на моделството, Ангелите на Victoria’s Secret“ – изјавил Едвард Разек, човекот одговорен за изборот на модели за VS.
Отсега, Скривер ќе работи рамо до рамо со Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Лили Олдриџ, Беати Принсло, Кендис Сванапул, Тејлор Хил, Стела Максвел, Роми Страјд, Сара Сампајо, Моника Џак Јагачак, Џасмин Тукс, Лаис Рибеиро, Марта Хант, Екатерина Григориева и Елза Хоск.