Светски познатите дизајнери работат со полна сила за да ги претстават новите колекции во модните метрополи како Њујорк, Лондон, Париз и Милано. И македонските дизајнери го следат тој тренд и засилено се подготвуваат да ги презентираат своите најнови креации пред очите на јавноста.
Во тек се подготовките за третото издание на Моден викенд Скопје – FWSK, кој ќе се одржи од 23-ти до 27-март на различни локации и шоу-рум простори во Скопје.
Изминатиов викенд беше направена фотосесија со новите заштитни лица на Моден викенд Скопје, модели од модната агенција Подиум. Полни со енергија, моделите скокаа и летаа, покажувајќи креации на Кокев-Кадриу, Роберт Ивановски и Ludus Loves Fashion, кои се само дел од овогодинешните учесници. За шминката и фризурата на заштитните лица се погрижија Мax Factor и Фризерско Студио АРТ - Сретен Костиќ.
На FWSK ќе бидат претставени колекциите пролет/лето 2011 на македонските дизајнери.