Ромона Кевеза го искористи своето долгогодишно искуство во креирање на венчаници, за да создаде вечерни фустани кои би ги завеле и најпребирливите дами.
Отмените креации од колекцијата есен/зима 2015 на талентираната Канаѓанка се хармоничен спој на луксузни ткаенини и безвременски силуети кои ја потенцираат убавината на женската фигура.
Кевеза, која има облекувано многу ѕвезди како Анџелина Џоли, Софија Вергара, Никол Кидман и Пенелопе Круз, ја презентираше елегантната колекција во Њујорк.