Тони Шаја, како и своите сограѓани Ели Сааб, Зухаир Мурад и Дени Табет, ги поставува елеганцијата и женственоста во центарот на своето творештво.
Либанскиот дизајнер повеќе од една деценија создава колекции коишто пленат со класични силуети, кои без исклучок ја акцентираат женската силуета и комплексни детали, кои гласно зборуваат за неговите стилски визии.
Колекцијата вечерни фустани и венчаници 2016 ротира околу идејата за умерен раскош. Префинети ткаенини, впечатливи мониста, бисери и минијатурни апликации работат во хармонија, што резултира со примамливи модни дела.
Шаја тврди дека во неговото ателје се раѓаат фустани кои ги прават жените посамоуверени и придонесуваат да се чувствуваат како божици, бидејќи тој верува во мислата: „Додека облеката не ја прави жената, таа има силно влијание на нејзината самодоверба, а токму самодовербата ја прави жената.“