Величествени птици ја инспирираа новата колекција на либанскиот дизајнер Тони Вард. Хармоничниот спој на елегантни силуети и богати текстури резултираше со визуелен моден спектакл.
Фините материјали, деликатните пердуви и блескавите мониста го оставаат секој набљудувач без сомнеж дека станува збор за колекција од високата мода.
На свој начин Тони ја претстави двојната природа на жената – од една страна плени со ѓаволеста непокорност, а од друга, со ангелска невиност.