Саид Кобеиси е миленикот на дамите кои не се плашат да застанат во центарот на вниманието. Во ателјето на либанскиот дизајнер се „раѓаат“ креации со wow-ефект кои пленат со комплексните декорации и раскошните силуети.
Неговата актуелна колекција висока мода е насловена „Whispers of the Sea“, а е инспирирана од волшебниот подводен свет. Магични школки, прекрасни бисери и морски коњчиња и ѕвезди носат динамика на фустаните и комбинезоните со богати текстури.