Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Едноставна елеганција во младешката колекција на Жорж Хобеика

ФОТО: Едноставна елеганција во младешката колекција на Жорж Хобеика

Брендот Жорж Хобеика е изграден врз три фундаментални принципи – женственост, гламур и сензуалност. Либанскиот дизајнер без исклучок ги следи тие принципи и кога станува збор за неговата младешка линија „GH“.

Колекцијата „GH by Georges Hobeika“ за актуелната сезона е составена од креации кои ставаат акцент на женската фигура, но вешто го избегнуваат пренагласениот сексапил.

Класичната црна, кралската сина, нежната бежова, деликатната розова и луксузната сребрена боја ја оформуваат палетата на Хобеика. Инспирација за колекцијата повторно е Либан со уникатната комбинација од богата култура, историја и традиција. „Либанците знаат да го ценат она што е убаво“ – изјавил Хобеика и дополнил дека токму поради тоа неговите сонародници како Ели Сааб и Зухаир Мурад постигнуваат огромни успеси.

GH by Georges Hobeika GH by Georges Hobeika GH by Georges Hobeika GH by Georges Hobeika GH by Georges Hobeika GH by Georges Hobeika GH by Georges Hobeika GH by Georges Hobeika GH by Georges Hobeika

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20817 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.