Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Дејвид Бекам во новата колекција за H&M

ФОТО: Дејвид Бекам во новата колекција за H&M

Дејвид Бекам ја остави зад себе фудбалската кариера, но не се откажува од дизајнирањето. 38-годишната ѕвезда ја објави својата најнова колекција за H&M.

На фотографиите од есенската кампања, Бекам носи боксерици и лежерна облека од колекцијата David Beckham Bodywear за шведскиот моден бренд.

Дејвид Бекам Дејвид Бекам

Покажувајќи го своето тонирано тело и бројните тетоважи, Дејвид позира во спортска соблекувална.

Новите парчиња облека се повлијаени од спортскиот стил, што е и очекувано кога доаѓаат од долгогодишен успешен фудбалер.

Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам

Бекам веќе неколку сезони ја збогатува модната понуда на H&M и ги привлекува женските погледи со жешки промотивни фотографии.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.