Дауцен Крус е вистинска модерна божица за турското издание на „Вог“. Убавата Холанѓанка позираше пред објективот на Кунејт Акероглу.
29-годишната манекенка минатиот месец објави дека е бремена со своето второ дете, а го покажа своето трудничко стомаче на неодамнешната постоскаровска забава на „Vanity Fair“.
На свечената забава Крус носеше црн фустан од Делфина Маниве и гламурозни обувки од Џузепе Ѕаноти.