Војвотката Кетрин го поддржа принцот Вилијам на хуманитарен поло натпревар во Виндзор.
40-годишната припадничка на британското кралско семејство навиваше за својот сопруг, а по победата му подари бакнеж и прегратка.
Кралскиот пар ретко си разменува нежности пред јавноста, па затоа овој момент привлече големо внимание.
Војвотката од Кембриџ носеше елегантен миди фустан од Емилија Викстед и обувки од Камила Елфик.