Катарина Ивановска ја продолжи соработката со „Yamamay“. Пред започнувањето на летото видовме колку рајски и егзотично изгледа во костимите за капење, а сега македонската манекенка заведува во сексапилна долна облека од популарниот италијански бренд.
24-годишната бринета позира во модели од колекцијата зима 2012-2013, но и од линиите „Yamamay Kiss“ и „Yamamay Slim“.
Како мистериозна заводничка Катарина претставува жешки секси корсети и комплети долна облека, но и едноставни модели кои се фокусираат на комфорот или обликувањето на телото.
Погледнете видеа со Катарина, за колекциите „basic“ и „slim“: