Бијонсе ја претстави својата втора колекција спортска облека од линијата „Ivy Park“.
35-годишната пејачка позираше во моделите за сезоната есен/зима 2016 година, а фотографиите беа објавени на нејзиниот сајт. Колекцијата е составена од хеланки и спортски градници, широки дуксери, кратки маички и кратки панталони, тренерки, јакни, капчиња, чорапи и останата опрема за вежбање.
Спортската опрема веќе се продава во Topshop.
Пред два месеци Бијонсе со мотивациско видео со Блу Ајви и Џеј Зи ја најави новата колекција.
„Го истегнувам моето тело како хоризонтот. Го учам моето тело секој ден дека можам да одам уште малку подалеку. Знам дека моето тело може да научи да се витка без да се скрши. Знам на што сè е способно, сум го видела да прави чуда. Дури и кога грлото ми гори, моите бели дробови се чувствуваат како се дават, пот ме боцка во очите, моите стапала се чувствуваат како да ќе експлодираат... Кога сум на работ да се откажам, си ја замислувам личноста која ја сакам повеќе од сите останати. Си ги замислувам нив, независно каде се низ светот и си замислувам како трчам кон нив. Ги гледам нивните лица, а тие ми се смеат и навиваат, тие се гордеат со мене. Ми го извикуваат името и јас стигнувам до целта. Преминувам преку болката и пронаоѓам љубов.“