За време на централниот настан со кој се одбележа овогодишното издание на реномираниот фестивал „Браќа Манаки“, свое обраќање имаше и Наташа Петровска.
Битолската градоначалничка одржа краток говор, во кој изрази надеж дека следната година Фестивалот посветен на првите филмски сниматели на Балканот, Милтон и Јанаки Манаки, ќе се врати во полн блесок.
Со оглед на тоа што беше откажан црвениот тепих и 41-вото издание на фестивалот има само скромно одбележување, Петровска избра класично издание со црни панталони и елегантна блуза во стишена портокалова нијанса.
Почитуван Претседател на Република Северна Македонија, почитувани министри, екселенции, дами и господа. Го изодивме првиот чекор од петтата деценија на Фестивалот ‘Браќа Манаки’, фестивал кој го одржува пулсот на нашиот град, но и пулсот на животот и делото на браќата Манаки. Фестивал кој е еликсир на кинематографијата. А токму таа, кинематографијата, умее така добро да ги спакува и најобичните животните ситуации и од нив да направи чудо и магија на самиот екран.
Токму затоа, во градот во кој катадневно се случуваат низа настани, градот кој живее со културни настани постојано, градот кој ја чува уметноста од античко време од Хераклеја до секоја фасада на нашиот град, каде што се крие една животна приказна. Токму во овој град може да се спакуваат низа животни ситуации и да претставуваат мотив за следни кинематографски зданија. Сето ова е длабок мотив да го сочувате фестивалот и во вакви околности во какви што се наоѓаме, како што е пандемијата. Сето ова е нешто што претставува мотив повеќе да и ние оставиме нешто за следните генерации.
Сакам да им честитам на сите добитници и да посакам идната година да се гледаме во поинакво издание, какво што го имавме во изминатите години, да испратиме љубов кон сите наши пријатели ширум светот.
Петровска