По многу успешни ревии, Бела Хадид доживеа мала незгода на модното шоу на Мајкл Корс во Њујорк. 19-годишната манекенка падна додека чекореше на пистата и сето тоа „благодарение“ на црните високи потпетици.
Славниот модел самостојно се исправи на нозе и продолжи да дефилира. Гостите наместо да ѝ помогнат да се исправи, тие само продолжија да ја фотографираат.
На ревијата која се одржа во рамките на Њујоршката недела на модата беше презентирана колекцијата пролет/лето 2017 на познатиот американски дизајнер.
Дел од модното шоу на Корс беа и Кендал Џенер, Џоан Смолс и Роми Страјд.