Бар Рафаели кокетира во долна облека за новата кампања на „Passionata“. 29-годишната Израелка ја претстави колекцијата есен/зима 2014.
Кампањата „Play With Me“ става акцент на заводливиот карактер на сензуалната колекција, па Рафаели слободно флертува со палави погледи.
Францускиот бренд веќе неколку години ја ангажира синооката манекенка како свое заштитно лице.