Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Pronovias со романтична јубилејна колекција венчаници

ФОТО: Pronovias со романтична јубилејна колекција венчаници

Шпанскиот бренд Pronovias веќе половина век ги освојува невестите со магични венчаници. Значајниот јубилеј модната куќа го прослави со презентација на романтична колекција невестински фустани.

Ревијата по повод 50-годишнината од основањето на модната куќа беше одржана во Барселона пред околу 2.000 гости. Раскошните фустани се изработени од префинети материјали како француска чипка, свила, креп и брокат, а тул е искористен за постигнување на слоевитост и волумен. Не се малку и фустаните од сатен во чија основа стои холивудскиот гламур од 30-тите и 40-тите години на минатиот век. Деликатните везови имитираа елегантни тетоважи на кожата на моделите.

Ѕвезда на ревијата „Pronovias Dream Factory“ беше Каролина Куркова, која ја затвори ревијата со сексапилен фустан кој го оцрта нејзиното тело.

Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias Колекција на Pronovias

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.