Почетна » Новости » Мода » ФОТО: 13-годишната ќерка на Синди Крафорд во првата фотосесија за списание

ФОТО: 13-годишната ќерка на Синди Крафорд во првата фотосесија за списание

Каја Гербер самоуверено ги следи стапките на својата славна мајка. 13-годишната ќерка на Синди Крафорд позираше за „Teen Vogue“.

Каја Гербер

Уредниците на списанието не пропуштија да ја истакнат сличноста помеѓу Синди и Каја, поставувајќи нивни фотографии една до друга.

Каја Гербер

Во интервју за списанието, Каја изјавила дека има голема желба да стане актерка и дека веќе започнала да оди на аудиции во Холивуд.

И покрај тоа што многу врати се отворени за Каја во модната индустрија, поучена од искуството на мајка си, таа вели дека не е подготвена да зачекори во тој свет. „Ја гледам мајка ми и тоа навистина изгледа исцрпувачки. Не е лесно – постојано си на штикли и константно си дотерана. Ако тоа ти е работа, сонуваш само за фармерки и маичка... Таа не сака да започнам кариера прерано. Таа започна да работи како модел на 16 години, но тој свет е многу различен сега“ – рекла Каја.

Каја Гербер Каја Гербер

Првиот моден ангажман на Каја беше од страна на Versace пред три години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.