Сè поголем е бројот на девојки кои преку атрактивни фотографии ги споделуваат своите стилски комбинации на интернет, а веќе не останаа реномирани брендови кои не ја прифаќаат големата моќ на блогерките.
Така, младите дами со изграден стил добиваат место во првите редови на најпопуларните ревии, предводат огромни кампањи и красат корици на списанија. Слободно може да се каже дека дел од блогерките имаат поголемо влијание кај клиентите од истакнати модни новинари и уредници.
Модниот портал Fashionista и годинава состави листа со највлијателните блогерки на светската модна сцена. При определувањето на финалниот список, биле земени предвид повеќе фактори, како бројот на фанови кои девојките ги имаат на социјалните мрежи, бројот на посетители на нивните блогови, способноста да го искористат нивното влијание за да создадат оригинални производи и нивниот „it“ фактор.
Кијара Ферањи и Ами Сонг втора година по ред владеат на самиот врв на листата.