Оливија Палермо е модерна дама кон чиј изглед редовно се насочени илјадници љубопитни женски погледи. На почетокот на минатиот месец, таа започна моден предизвик „30 Looks for 30 Days“ и уште еднаш ја докажа својата љубов кон урбаниот и лежерен стил на облекување кој на преден план ја става женственоста, но остава простор и за мажествени елементи.
Бидејќи не е дојден крајот на стилската летна забава на Палермо, набрзина прошетајте го погледот низ 15 од нејзините досегашни комбинации.