Фестивалската сезона започна со Коачела!
Забавата, музиката и модата се спојуваат на еден од најпопуларните музички фестивали кој секоја година се одржува во Индио, Калифорнија.
Со секоја измината година, овој спектакуларен настан привлекува сè поголема и поголема публика, а слободно може да се каже дека славните личности го обожаваат.
Светкава шминка, реси, лелеави фустани, забавни фризури, фармерски модни комбинации, впечатлив накит и воочливи модни додатоци ја одбележаа модата на првиот викенд од фестивалот.