По две пандемиски години без фестивали, Коачела се враќа во полн сјај.
Музичкото збиднување во Индио, Калифорнија, привлече голем број славни личности, модни блогерки и обожаватели на добрата музика. Додека на сцените настапуваа славни пејачи како Хари Стајлс и Шанаја Твејн, Били Ајлиш и Тинаше, публиката се забавуваше во впечатливи летни стајлинзи.
Бохо мода, реси, кратки маички, стилски експерименти, карактеристична улична мода... На првиот ден од Коачела можеа да се видат одлични фестивалски комбинации.