Ријана и Маноло Бланик ги забрзуваат срцата на вљубеничките во модата со нова колекција обувки.
Првите фотографии од колекцијата „Denim Desserts“ говорат дека дизајнерското дуо не се плаши да експериментира. За најновото издание на британскиот Вог, Ријана носи високи фармерски чизми од новата колекција кои достигнуваат до колковите.
„Ова е возбудлива соработка и апсолутно сум пресреќен со резултатот. Работењето со Ријана беше неверојатно, а нејзината страст, креативност и стил се рефлектирани во дизајните“ – изјавил Бланик.
Колекцијата ќе биде пуштена во продажба на 5 мај.