Во Париз повторно се слеа река од модни ентузијасти. Повод? Нова недела на високата мода.
Во изминатите неколку дена, врвни модни куќи и дизајнери ги прикажаа најновите рачно изработени колекции на ревии кои се одржаа на неколку локации во Градот на светлината.
Армани, Ели Сааб, Зухаир Мурад, Зијад Накад, Диор, Џамбатиста Вали.. модните шоуа на популарните брендови ги намамија модните зависници кои се упатија да ги погледнат колекциите за сезоната пролет/лето 2018.
Париски шик владееше во стилот на гостинките кои „летаа“ од една ревија на друга. Погледнете ги највпечатливите модни комбинации овековечени од фотографите во Париз: