Дева Касел е убавицата која ја краси насловната страница на најновото издание на списанието „Bilan Luxe“.
18-годишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел изгледа занесно на фотографиите од новиот едиторијал. Таа носи луксузен накит од Картие и облека од врвни модни куќи како Диор и Долче и Габана.
Дева успешно се проби во модниот свет. Секое нејзино појавување буди интерес кај јавноста поради сличноста со Белучи.