Дева Касел повеќе не крие дека е во врска со Саул Нани.
19-годишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел ги објави првите фотографии на Instagram со 24-годишниот италијански актер. На црно-белите фотографии младата манекенка позира во бикини и си разменува нежности со новиот партнер.
„Вистина е“ – стои во описот на постот.
И Саул претходно имаше споделено фотографија со Дева на плажа и со тоа ги разгори гласините дека се во врска.
Парот се запознал на снимањето на серијата „Leopard“, во која глуми заедно.