Цветните апликации и нежните ткаенини добија главна улога во новата модна приказна на Тарик Едиз.
Турскиот дизајнер претстави шармантна колекција венчаници за модерни романтичарки.
Издигајќи ја женственоста на пиедестал и играјќи си со префинети детали, Едиз успеа да создаде атрактивни креации во традиционална бела боја, кои ќе ги заробат погледите жедни за естетска хармонија.
Неспорно колекцијата 2017 е бисер од фустани во кои многу девојки со радост би го изговориле судбоносното „ДА“.