Доменико Долче и Стефано Габана проникнаа во магичната убавина на џунглата за да ја дефинираат визијата за колекцијата пролет/лето 2020.
На ревијата во Милано, популарното дуо презентираше креации во сафари стил, си поигра со динамични животински принтови, искористи дезени базирани на егзотична флора, но и се наврати на сексапилни црни модели кои се длабоко врежани во темелите на нивното творештво.
„Сицилиска џунгла. Уживаме да создаваме нешто гламурозно и го сакаме чувството на среќа, летото. Тоа е нашата филозофија“ - рекол Габана.