Анабел Флор го посети романтичниот Париз по повод модната недела. Популарната блогерка сними три фантастични стилски приказни кои наидоа на одушевување кај нејзините бројни фанови.
Смарагдно-зелен мантил од Acne Studios е главниот херој во првата приказна во која се вклучени и чантичка од Alexander Wang, хулахопки и боди од Wolford, црни панталони од Mother и чевли од Oscar Tiye.
Кратката јакна во милитаристички стил од Saint Laurent е највпечатливото парче во втората шик приказна на Анабел, во која своја улога добија и бела кошула од Jil Sander, чизми од Jimmy Choo и очила од Dita.
Црната бомбер јакна со цветни везови од 3x1 внесе модерна романтика во третата модна комбинација на Анабел.