Независно дали гостува на моден настан, дали позира на плажа или пак е туристка во Милано, Анабел Флор секогаш изгледа како модел стилизиран за корица на списание.
Славната блогерка, која стои зад „VivaLuxury“, преферира женствени модни комбинации и секогаш посветува големо внимание на аксесоарите.
Благодарение на многуте соработки со луксузни брендови, привлечната Латвијка која живее во Калифорнија, добива можност да ужива на популарни дестинации како Сен Тропе, Монако, Кан, Езерото Комо и Хаваи.
Прошетајте со поглед низ најновите стилски приказни на Анабел.