Адријана Лима недискутабилно е една од најубавите жени на светот. Па, кога згодната Бразилка ќе одлучи да сподели тајна за разубавување, жените веднаш ги начулуваат ушите.
Во интервју за Into the Gloss, 35-годишниот ангел на Victoria’s Secret откри како го негува здравиот сјаен изглед на косата.
„Во Бразил, регенераторот или маската за коса ја мешаме со авокадо и смесата ја ставаме на косата како третман. Косата станува супер сјајна. Не се шегувам. И авокадото нема силен мирис, па нема да мирисате чудно. Ветувам“ – вели таа.
„Еднаш неделно се обидувам да си направам маска за коса. Ставам регенератор и го оставам околу 30 минути под капа за туширање, понекогаш го оставам и 45 минути. Колку подолго, толку подобро. И сметам дека е важно често да се менува регенераторот. Ако користам одреден регенератор често, косата ми се навикнува, па постојано го менувам“ – додава таа.